Меѓаши и Легис организираат: „Недел...

Здружението на граѓани Легис и Првата детска амбасада во светот Меѓаши започнаа кампања за помош на бегалците кои се лоцирани во кампови на гранич...

Меѓаши и Легис организираат: „Недел...

Здружението на граѓани Легис и Првата детска амбасада во светот Меѓаши започнаа кампања за помош на бегалците кои се лоцирани во кампови на гранич...

Книга – Намаз за почетници...

На следниот линк ја имате pdf верзијата како се врши намаз (молитва) за почетници. Спушти: 295406826-Намаз-Молитва-За-Почетници  ...

Книга – Намаз за почетници...

На следниот линк ја имате pdf верзијата како се врши намаз (молитва) за почетници. Спушти: 295406826-Намаз-Молитва-За-Почетници  ...

Меѓаши и Легис организираат: „Недела на солидарност со децата бегалци“

Здружението на граѓани Легис и Првата детска амбасада во светот Меѓаши започнаа кампања за помош на бегалците кои се лоцирани во кампови на граничната зона на Турција со Сирија, прогласувајќи ја оваа недела (од 27 февруари до 5 март) за „Недела на солидарност со децата бегалци од Сирија“ .

Еден дел од кампањата е насочен кон собирање финансиски средства од граѓаните/ките и од бизнис секторот, а другиот дел кон подигање на јавната свест, особено кај помладата генерација..

– Целта е да ја подигнеме свеста особено на помладите во воспитно образовните институции, децата, учениците за состојбата во која се наоѓаат нивните врсници од Сирија и воопшто бегалците, потребата од солидарност и помош на луѓето кои страдаат од војна. Зборуваме за луѓе, деца кои ги загубија своите домови и речиси сè што имаат, се вели во соопштението од Меѓаши и Легис.

– Децата и младите треба да ги запознаеме како може да им се помага на луѓе во неволја, да им се претстават хуманитарни акции како и сите други начини на кои се искажува солидарност. Ако учениците пројават желба и самите да им помагаат на другите, наставниците треба да разговараат со учениците, заедно да најдат соодветен начин да се вклучат и дадат свој придонес и да се солидаризираат со луѓето во неволја. Ова, меѓу другото е можност за развој на емпатија, иницијатива, хуманост и многу други вредности кои сакаме да ги поддржиме кај децата, се вели во соопштението.

За таа цел наставниците, воспитувачите може да го користат прирачникот  „Сите сме деца на овој свет – како со учениците да се разговара за бегалската криза” на македонски и албански јазик или директно од ПДАС Меѓаши.

Од медиумите пак очекуваат да посветат време за снимање на дебатни емисии, образовни емисии, детски емисии, разговори, интервјуа поврзани со состојбата во која се наоѓаат бегалците, особено децата.

Граѓаните ќе можат да донираат парични средства онлајн, во кутиите распоредени по френкфентните супермаркети, како и на жиро сметка која ќе им биде дистрибуирана деновиве во дневните и неделните весници. Со собраните средства треба да се испрати заедничка симболична хуманитарна помош од граѓаните на Македонија до децата бегaлци од Сирија.

Книга – Намаз за почетници

На следниот линк ја имате pdf верзијата како се врши намаз (молитва) за почетници.

Спушти:

295406826-Намаз-Молитва-За-Почетници

Книга – Намаз за почетници

На следниот линк ја имате pdf верзијата како се врши намаз (молитва) за почетници.

Спушти:

295406826-Намаз-Молитва-За-Почетници

Соопштение за исламофобичен напад врз малолетничка

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

(насловот е глуп, ама со причина)

Почитувани мои сограѓани, кои да сте, каде и да сте, без оглед на вашата верска или национална припадност, сакам со вас да ја споделам мојата родителска грижа поради она што сега ќе ви го напишам. Имено, денес околу 15:00 часот, пред продавницата SWAROVSKI, во строгиот центар на градот, пред десетици граѓани-сведоци, група од две момчиња и две девојчиња, на средношколска возраст, дрско и безобразно, без претходна провокација, физички ја нападнаа мојата ќерка со навреди дека е: ГНАСНА ШИПТАРКА И ИСЛАМСКИ ТЕРОРИСТ!

Длабоко сум убеден и уверен дека тие деца, “големи Македонци“, се жртви на глупавата реторика на политичките национал-шовинисти кои веќе градат блесава стратегија како да ги „одбранат“ националните интереси на, како напаѓачите ја нарекоа, “христијанска Македонија“!! Се обидоа дури и да и ја скинат шамијата од глава која претставува верски симбол на муслиманката во целиот свет со навредливи извици: скини го тоа од глава и м’рш во Саудиска Арабија!!

Ова е доказ дека нивните родители или не знаат што се “вари“ во главите на нивните деца, или пак самите тие од нив прават орудие за предизвикување пресметки со нивните сограѓани кои се од друга вера и нација поради интересите на политичките “апостоли“.

Јас како татко но, и како активен учесник во јавниот живот, лесно ја препознавам лудоријата и идиотизмот на пеколната машинерија на политичкиот касап кој криејќи се зад ваквите будалести постапки на тинејџерските “атентатори“ само сака Македонија да ја врати во ерата на меѓунационалната омраза и меѓурелигијската нетрпеливост со цел да добие на време за повторно да ја наостри сатарата за да го спаси своето скапоцено “газенце“.

Но, сега ќе ве развеселам сите вас со позитивна волја дека Македонија сепак ќе успее и ќе преживее во арената на некои крвожедни политички нарцисоиди. Во одбрана на мојата ќерка застана една Македонка-христијанка, секогаш добредојдена во нашиот дом, нејзина добра другарка и колешка од факултет која во тој момент беше со неа и секако беше обвинета дека и самата е “шиптарка“ а подоцна и предавничка!

И двете се студентки на УКИМ.

На тие што ќе помислат дали случкава сме ја пријавиле во полиција им порачувам дека такво нешто е невозможно. И порано имаше слични пријавени ситуации и сите беа со ист епилог!! МВР не е надлежно да го испита случајот бидејќи на терен е утврдено дека такво нешто не се случило!? Но, денес тоа го видоа десетици граѓани и не траеше секунда или две туку неколку минути, сосема доволни да се алармираат сите што тука поминуваа.

Јас живеам на Бит Пазар, “озлогласениот центар за купување пластичен експлозив“, во глумечки стил кажано, но, нема никогаш да им го пружам задоволството на тие ситни фашистички души да повикувам во освета. Нема ниту да издадам “потерница“! Исламот не учи да простуваме и затоа од моја страна нека им е простено на тие наивни деца. Фала му на Бога што немилиот настан се заврши само со вербална караница и понекое влечкање.

Македонија е и наша, и ваша, и нивна и на сите оние што сакаат да живеат мирно и спокојно. Македонија е христијанска земја. Македонија е муслиманска земја. Македонија е и атеистичка земја. Македонија им припаѓа на сите кои сакаат да бидат почитувани но, под услов и самите да знаат да почитуваат.

Тука сме родени и најверојатно можеби тука и ќе умреме. Немаме друг избор освен да соработуваме и еднинадруги да си помагаме но, никако да не се напаѓаме.

Оваа земја има капацитет да се носи со глупоста на малоумните и со дрскоста на идеолошките силуватели. Празноглавците и поданиците кои на одредени политички национал-верски измамници им станаа “духовни кираџии“ нека се срамат доколку не соберат сили да ги осудат ваквите постапки без оглед дали се сторени од страна на “вашите или нашите“!

Крвта нема мирис но трагите кои ги остава зад себе остануваат засекогаш! Пријателството, другарството и меѓусебното разбирање се светилка на патот на цивилизацијата во која има место за сите нас. Се надевам дека политичкиот вокабулар наскоро ќе се смени и на сите нас, опљачкани, осиромашени и понижени, ќе ни олесни.

НЕ на насилството и глупоста!

ДА за мултинационална и мултиконфесионална Македонија!

Да сте ми живи и здрави, но, и спокојни и најадени кои да сте, каде и да сте!

Хисен Елмази

Оџа од скопски “да те Бог сачува“ Бит Пазар       

Случајот е потврден и од страна на Хелсиншки комитет:

http://www.zlostorstvaodomraza.com/reports/view/377